Османи и Маричиќ во работна посета на Париз
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојуваат во работна посета на Париз.
Како што информира МНР, Османи и Маричиќ ќе остварат средби со државниот секретар за европски прашања во француското Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон и со дипломатскиот советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Франција, Емануел Макрон, Изабел Думон.
Во фокус на разговорите ќе бидат европските перспективи на земјава во светло на актуелното француско претседателство со Европската Унија, а се очекува да бидат разменети мислења и за други актуелни регионални и глобални предизвици.
Во рамки на посетата предвидена е средба на Османи и Маричиќ и со сенаторот Робер Бадентер.
Ново на Сител
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец