Преглед на вестите од светот
Бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 16, но десетици се уште се водат како исчезнати.
Како активни се водат уште 6 пожари, а најкритична е состојбата во Малибу, каде според проценките на властите третина од источниот дел од градот повеќе не постои. Помош пристигнува од сите страни, а притисокот врз пожарникарските екипи го зголемуваат и најавите за нови силни ветрови од над 100 километри на час што можат да придонесат за значитело ширење на пожарите.
Пожарот и се заканува на густо населената долина Сан Фернандо, во чија близина се забележани и огнени торнада, ретка појава која ја предизвикуваат турбулентни ветрови. Во изминатите пет дена пожарите уништија огромна површина и над 12 000 обејкти, а евакуирани се стотици илјади лица. Во меѓувреме полицијата приведе и 30-тина лица поради кражби, провали и прекршување на полицискиот час кој беше воведен токму за да се спречат вакви инциденти.
Шест лица загинаа при експлозија на греалка на плин во ресторан во чешкиот град Мост. При екслозијата била запалена и зградата, а спасувачките екипи евакуирале 30-тина лица од ресторанот и околните згради.
8 лица се повредени, од кои 6 во тешка состојба се пренесени во болниците во Мост и Прага. Според изјави на очевидци, чешките медиуми пишуваат дека несреќата е последица на пијана кавга, по која две момчиња почнале тепачка а едниот од нив ја турнал греалката на плин од која се запалила дрвената опрема во ресторанот. Истрагата која треба да ги утврди сите детали е се уште во тек.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар