Преглед на вестите од светот
Новиот шумски пожар што избувна северно од Лос Анџелес во средата брзо се прошири на повеќе од 9.400 хектари. Како и во претходниот случај помош за ширење на пожарот се силниот ветар и сушните денови. Притоа дадена е наредба за евакуација на околу 31.000 жители, а уште 23.000 се соочуваат со предупредувања за евакуација. Пожарот се шири со голема брзина и им создава големи проблеми на пожарникарите.
Националната шума Анџелес соопшти дека целиот нејзин парк од 700.000 хектари во планините Сан Габриел е затворен за посетители. Претходните два пожара во средата, пожарот Итон беше 91% локализиран, а пожарот Палисадес на запад беше локализиран 68%.
Тие избувнаа на 7 јануари и изгореа област речиси со големина на Вашингтон, загинаа 28 луѓе и оштетија или уништија речиси 16.000 објекти. Прогнозите за штети и економски загуби се на повеќе од 250 милијарди долари. Црвениот аларм се уште е присутен во Јужна Калифорнија како опасност од пожари.
Ветувањата на Западот дека еден ден ќе ја прифати Украина во НАТО беа „лага“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека САД и Германија одржувале контакти со Русија во текот на целата војна.
- Некои држави немаа многу транспарентна политика, не го поддржаа нашето членство во НАТО и тоа беа едноставно лажни зборови дека Украина ќе биде во НАТО. Верувам дека позицијата на Германија и Соединетите Американски Држави беше слаба бидејќи тие имаа дијалог со Русите и верувам дека го загубија тој дијалог. Тие изгубија затоа што секогаш се повикуваат на тоа дека порано имало некакви договори со Русите, им рече Зеленски на новинарите во Давос, пренесува РБК Украина.
Според него, западните земји претходно воделе „не многу визионерска политика“, давајќи лажни ветувања за влез на Украина во НАТО, бидејќи по децении интеграција во алијансата тоа никогаш не се случило.
Повеќе од 3.200 камиони со помош влегоа во Појасот Газа од различни премини откако во неделата стапи на сила договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Египет објави дека 300 камиони со хуманитарна помош поминале низ граничниот премин Рафа во Газа по инспекциите на премините Ал-Оја и Керем Шалом под израелска контрола. Меѓу нив, 25 камиони носеа гориво, критичен ресурс за Газа.
Обединетите нации ги идентификуваа приоритетните хуманитарни потреби на Газа, вклучувајќи помош во храна, здравствена заштита, болнички резерви, поправки на водоводната мрежа, материјали за реконструкција на куќи и обединување на семејствата.
Градот Рафа во најјужниот регион на Газа сега ги фокусира своите напори за расчистување на урнатините создадени од конфликти и обнова со ограничени ресурси. Како прв чекор за реконструкција е обновувањето на патиштата блокирани од урнатините за да се олесни приливот на жители кои се враќаат од бегалските кампови.
Договорот за прекин на огнот, постигнат со посредство на Египет, Катар и САД, беше објавен на 15 јануари и се состои од три фази кон траен прекин на огнот меѓу страните.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар