Македонија
11. January 2025 - 16:25

Портокалов аларм за снежна бура во Македонија

Портокалов аларм за целата територија на Македонија. Од вечерва се очекуваат обилни врнежи на снег кои ќе направат снежна покривка и до 50 сантиметри на планините. Поради ниските темеператури и засилениот северен ветер се очекува и појава на голомразица. Снегот ќе паѓа и во понеделник, а потоа не очекува студено време. 

Надлежните тврдат дека овој пат се подготвени. Од Македонија пат уверуваат,  има доволно механизација за да ја покријат цената теритоија на државата.

- Македонија пат е спремна што се подразбира до опремата за прочистување да одржи прооодни регионалните и магистралните патишта во државата. Со тоа што имаме повеќе опрема која ни е оставена на располагање од економските оператори. Така што, веќе за овој трет бран сме подобро опремени и подобро спремни за да ги пречекаме врнежите кои претстојат, вели портпаролот на Македонија пат, Љуљзим Шаќири.

Голема е веројатноста камионите и тешките возила утре да бидат исклучени од сообраќајот, особено на превоите.

- Возачите на тешките товарни возила да бидат припремени дека ние ќе дадеме забрана за движење за да превенираме да се закочи сообраќајот, вели Шаќири.

Од Центарот за управување со кризи апелираат сите да се подготват. Доколку некој се најде во животозагрозувачка состојба помош да бара на бројот 112.

-Доколку не е неопходно да не поаѓаат на пат со своите возила во периодот во кој УХМР прогнозира снег. Или доколку веќе тргнат на пат да ја поседуваат потребната зимска опрема, да имаат доволно гориво во своите возила и се она што е неопходно за патување на снег на патиштата, вели директорот Стојанче Ангелов. 

Претхониот снежен бран повторно ги изненади надлежните, па голем број возила останаа заглавени на патот кон Маврово.