Општина Струмица со реакција на тврдењата на пратеникот Васил Пишев
Општина Струмица во писмена реакција на денешната прес-конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев кој изнесе наводи дека струмичката општина плаќала превоз двојно поскап од тој во Токио оценува дека Пишев не го знае законот и оти нема никава злоупотреба и незаконско работење.
- Пратеникот Васил Пишев измислувајќи некаков скандал во општина Струмица всушност самиот се скандализира со ноторното непознавање на Законот за јавни набавки. Пишев знае, но се прави дека не знае дека сите договори за јавни набавки во општина Струмица се реализраат по пат на електронско јавно наддавање, според важечката законска регулатива, се вели во реакцијата.
Нема, истакнува општината, никаква злоупотреба и незаконско работење, како што Пишев ја манипулира македонската јавност. - Уште еднаш истакнуваме дека за изнесените невистини и обидот на Васил Пишев да ги диксредитира општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, Општината ќе побара разрешница по судски пат, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?