ОМД: Политичката криза да се реши во најкраток можен рок.
ОМД на средба со македонската собраниска делегација која е во посета на Вашингтон изразила загриженост околу застојот во демократскиот развој на Македонија партиската поделба на македонското ткиво, како и непочитувањето на институцијата Собрание од страна на двете најголеми политички партии преку, како што посочиле оттаму, нелегитимниот договор од Пржино.
- На средбата членовите на ОМД изразија надеж и ги охрабрија преставниците на двете политички партии во РМ, во име на националниот интерес на државата да изнајдат сили, преку најосновните демократски процеси - дебата и компромис без посреднишство на меѓународен фактор, низ институциите на системот да се залагаат за побрзо разрешување на сите политички прашања во најкраток можен рок. Само на тој начин Република Македонија ќе може да си го возврати нарушениот меѓународен углед во светот и да се посвети темелно на Евро-атланските интеграции и членството во НАТО, се вели во денешното соопштение од ОМД.
Членови на Обединетата македонска дијаспора вчера одржа средба со Делегација на Собранието на Република Македонија која престојува во Вашингтон по повод 64-от Молитвен појадок. Делегацијата е предводена од претседателот на Собранието Трајко Велјановски, потпретседателот Рената Дескоска и пратеникот Павле Саздов.
Тие на средбата размениле мислења и ставови околу актуелната ситуација во Македонија, демократските процеси во државата, мигрантската криза, меѓународниот углед на Македонија и околу измените во изборниот модул за престојните избори и начинот на гласање на македонскиот граѓанин надвор од матичната држава.
На средбата, од страна на ОМД било потенцирано дека таа е непартиска и невладина организација која ги застапува интересите на Македонците надвор од Македонија без разлика на партиската припадност, како и јасната определба ОМД да ги стави на распологање сите свои ресурси за промоција на државата пред НАТО самитот во Варшава, како и за анимирање на македонскиот граѓанин во странство да учествува на престојните избори.
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката