Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство
За директор на Агенцијата за Храна и Ветеринарство, се именува Оливер Миланов, кој доаѓа од редовите на Социјалистичка Партија на Македонија.
Миланов завршил Стоматолошки факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Има работно искуство во делот на безбедност на храна, а доаѓа од позицијата ВД раководител на Секторот за храна од неживотинско потекло во Агенцијата за Храна и Ветеринарство. Учествувал во комисии и работилници од областа на безбедност на храна, а се стекнал со меѓународни сертификати преку учество на обуки во организација на Европската Унија, а воедно е претседател на комисијата за спроведување на постапката на одобрување на нутритивните и здравствените тврдења во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната при Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ново на Сител
-
„Вреди“ бара ОЈО да истражи дали ДУИ правел криминал во „Државна лотарија“
-
Објавени производните цени за смедеревката и вранецот
-
Не стивнува епидемијата со голема кашлица – досега регистрирани се близу 1000 заболени
-
Фекалии течат среде улица во ,,Нерези''
-
Виничка иселеничка сага
-
Преглед на вестите од светот
-
Левица поднесе интерпелација за Гаши
-
Преглед на вестите од светот