Македонија
2. July 2024 - 16:46

Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство

За директор на Агенцијата за Храна и Ветеринарство, се именува Оливер Миланов, кој доаѓа од редовите на Социјалистичка Партија на Македонија.  

Миланов завршил Стоматолошки факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Има работно искуство во делот на безбедност на храна, а доаѓа од позицијата ВД раководител на Секторот за храна од неживотинско потекло во Агенцијата за Храна и Ветеринарство. Учествувал во комисии и работилници од областа на безбедност на храна, а се стекнал со меѓународни сертификати преку учество на обуки во организација на Европската Унија,  а воедно е претседател на  комисијата за спроведување на постапката на одобрување на нутритивните и здравствените тврдења во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната при Агенцијата за храна и ветеринарство.