Македонија
6. August 2024 - 21:25

Падна одлука: Откупната цена на винското грозје зголемена за 25%

Се зголемува откупната цена на винското грозје за 25 проценти. Двете најзастапени вина за годинава, Смедеревка и Вранец ќе се откупуваат по шеќерни единици. А за секое поблаго грозје, откупувачите ќе си платат повеќе.

На лозарите им одговара оваа одлука на министерот.

Попладнево и менаџментот на винските визби и откупувачите се сретнаа со министерот. Им беа презентирани новите цени. Постигнат е договор, секоја винска визба да има контрола од земјоделскиот инспекторат, за да се спречат евентуални злоупотребии при мерењето на шеќерноста на грозјето. 

Во меѓувреме, во Тиквешијата веќе се пристигнати берачи на грозје од повеќе општини. Бараат дневница од 1.500 денари за работа од 6 наутро до 12 на пладне, обезбеден превоз и доручек.