Македонија
28. January 2025 - 12:21

Загаден воздухот во Охрид

И Охрид се гуши во загаден воздух. Загревањето на домовите со дрво, горењето на најразлични материјали, палењето на депонијата Буково, сето тоа комбинирано со големото темпо на урбанизација и намалувањето на зелената површина на крајбрежјето се најголемите причинители за ваквата состојба сметаат екологистите.

Деновиве во градот мерните станици покажуваа пет пати поголемо загадување од дозволеното, а викендов имаше густа магла каква што охриѓани не паметат.

Мештаните од околните села на депонијата Буково сметаат дека загадувањето најмногу се должи на постојаното чадење од депонијата .

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека во тек се засилени контроли на општинските инспектори за контрола на испуштање штетни материи во животната средина. Општина Охрид спровела инспекциски надзори во два авто сервиса од кој еден се загревал на дрва, а другиот на електрична енергија, а во двата отпадните масла се предавале на овластена фирма.