Македонија
6. August 2024 - 18:14

Во сообраќајка загина 18-годишно момче од Виница

Во Полициската станица Виница денеска во 02:37 часот било пријавено дека на локалниот пат село Јакимово – село Истибања, виничко, патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(18) од с.Истибања, излетало надвор од патот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал Р.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница, соопшти МВР.