Околу 75,5 отсто од населението во Хрватска поддржуваат воведување каква било форма на воена обука
Повеќе од 75 отсто испитаници поддржуваат воведување каква било форма на воена обука во Хрватска, покажува најновото истражување објавено вечерва на Хрватската радио телевизија (ХРТ).
И додека 75,5 отсто од анкетираните поддржуваат некаква форма на воена служба, нешто повеќе од 20 отсто од нив не поддржуваат, а четири отсто одговориле дека не знаат
Како причина за отворање на дискусијата за воведување воена обука, околу 61 отсто од испитаниците ја навеле влошувањето на безбедносната состојба и конфликтите во светот, а околу 20,5 отсто од нив сметаат дека станува збор за предизборната кампања во Хрватска.
Околу 5,5 отсто од анкетираните сметаат дека причината е вооружувањето на Србија и воведувањето воена служба во таа земја, пренесе ХРТ.
Речиси 54 отсто од испитаниците одговориле дека треба да се воведе воена обука за мажи, а 14 отсто дека таа треба да биде задолжителна и за мажите и за жените.
Што се однесува до должината на воената обука, мнозинството од испитаниците, околу 45 отсто од нив сметаат дека таа треба да трае шест месеци, а 30 отсто од нив три месеци додека 15 отсто од нив се одлучиле за една година обука.
Повеќе од 30 отсто од анкетираните сметаат дека воената обука е добра за градење карактер, а околу 24 отсто за националната безбедност.
Меѓу причините против воената регрутација, повеќето од анкетираните се изјаснија дека треба да има слобода на избор и можност за повикување на совеста и затоа професионалната армија е поефикасна, дека служењето задолжителен воен рок е бесмислено малтретирање на младите и непотребен трошок.
Десет проценти сметаат дека членството на Хрватска во НАТО е доволна заштита. Истражувањето за HRating врз 1. 000 испитаници беше спроведено од 24 до 26 јануари.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!