-->
-->
Околу 6,5 илјади џихадисти кои бегаат од Сирија се кријат во Либија
-->
Од три до 6,5 илјади борци на терористичката групација Исламска држава се кријат на територијата на Либија, изјави специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации во Либија Мартин Коблер.
Тој ги објави податоците за време на средбата во Мадрид со в.д. министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Набуел Гарсија Маргаљо.
Според претставникот на меѓународната организација „ситуацијата во Либија е мошне блиску до хаотична“.
Коблер нагласи дека борбата со ИД во Сирија ги принудува терористите да бегаат во Либија.
- Колку е поголем притисокот врз ИД во Сирија, толку повеќе џихадисти бегаат во Либија, рече тој и ги повика либиските политичари да ги извршат своите обврски за формирање на влада на национално единство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек