Околу 1.700 стома пациенти во Македонија
Националното здружение на лица со стома „ИЛКО Македонија“ денеска на прес-конференција во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на лица со стома (3 Октомври) ќе презентира информации за запознавање на јавноста со видовите заболувања кои доведуваат до состојба на понатамошен живот со стома.
Од здружението информираат дека во Република Македонија живеат над 1.750 стома пациенти, од кои околу 1.500 се со коло и илеостома, а околу 200 со уростома. Во овие категории на болни има и бебиња и мали деца.
Стома е отвор кој се изведува на предната страна на стомакот со хирушка интервенција. Тој отвор заменува дел од дигестивниот или уринарниот систем кај пациентите кои овие физиолошки потреби не можат да ги извршуваат по нормалнен пат. Стомата треба да им помогне во подобрување на здравствената состојба, да овозможи излекување од одредени болести и да го подобри квалитетот на животот на пациентот.
Мотото на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со стома оваа година е „Низ животот не одиме сами - подобар квалитет на живеење“.
Ново на Сител
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново