ОЈО: Поднесено обвинение за обид за убиство, скопјанец наместо на средба со девојка изрешетан од маскиран напаѓач
Кривично-правниот настан се случил на 24.09.2018 година, на крстосница меѓу улиците „Дурмиторска“ и „Алија Авдовиќ“, каде оштетениот преку една социјална мрежа договорил средба со непозната девојка. Откако со своето возило пристигнал на договореното место, пред себе забележал друго возило без регистарски ознаки. Од возачката страна на возилото излегло непознато лице со маска/фантомка на главата, додека од совозачката страна излегол обвинетиот и со огнено оружје упатил рафални истрели кон возилото на оштетениот, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. На овој начин обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот оштетеното лице, соопшти ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот да ја продолжи претходно изречената мерка притвор за обвинетото лице, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и околности кои укажуваат дека тој ќе го повтори односно ќе го доврши обиденото кривичното дело. Притоа, обвинителот особено ја ценеше околноста дека утврден мотив за кривичното дело е крвна одмазда и дека тој мотив се уште постои кај обвинетиот.
Ново на Сител
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?
-
Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови
-
Студентите реагираат на зголемените трошоци, тече вториот уписен рок на државните универзитети