ОЈО и СВР Куманово интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видеоснимки
Кумановското обвинителство и полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот од Куманово, во кој група лица бркаат две лица во градот, соопштија денеска од ЈОРСМ. Во соопштението се наведува дека речиси сите лица од видео-снимката се идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот, се врши распит.
– Основното јавно обвинителство Куманово и СВР Куманово интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видеоснимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група. Речиси сите лица од објавената видеоснимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот. Се врши распит и на учесниците и на други лица кои би можеле да имаат одредени сознанија, се наведува во соопштението.
По целосното утврдување на фактите, Основното јавно обвинителство Куманово ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката за што јавноста веднаш ќе биде информирана.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека