00:00           
00:00
 
00:00
         
 
 
Свет
16. April 2025 - 19:57

Преглед на вестите од светот

Соединетите држави се  отворени за склучување трговски договор со Кина, но Пекинг треба да го направи првиот чекор, соопшти Белата куќа. Трговската војна помеѓу двете најголеми светски економии доби нови размери откако Пекинг воведе контрацарини за американските стоки од 125 отсто, реагирајќи на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе зголемени царини од 145 отсто за кинеските производи.

-Топката е на теренот на Kина: Kина треба да се договори со нас, ние не мораме да се договориме со нив. Нема разлика помеѓу Kина и која било друга земја, освен што тие се многу поголеми и Кина го сака она што го имаме ние.   Претседателот сосема јасно стави до знаење дека е отворен за договор со Kина, но Kина треба да направи договор со Соединетите Американски Држави, изјави Каролина Левит, портпаролката на Белата куќа.

Изјавата на портпаролката на Белата куќа го налути Пекинг.

-Соединетите држави да престанат со вашата практита на максимален притисок, закани и уцени доколку навистина сакаат преговори за царините, порача министерството за надворешни работи на Кина.   

Со асистенција на српската полиција вработени во РТС беа спроведени да влезат во зградата на медиумот во центарот на Белград. Притоа дошло до туркање  помеѓу полицијата и студентите кои ги блокираат влезовите во зградата на РТС веќе трет ден. Еден полициски службеник е полесно повреден. Студентите во блокада го обвинуваат јавниот сервис дека не известува објективно за нивните протести.

Во Стразбур се 80 српски студенти во блокада во мисија да го привлечат вниманието на ЕУ за нивните протести. Прошетаа пред Советот на Европа и Европскиот парламент и упатија пораки до европските претставници дека живеат во земја каде што „институциите им служат на интересите на тесен круг на моќ, а медиумите се под притисок.

-На Србија и е потребна поддршка од Европа, но не во форма на протоколарни средби и дипломатски насмевки. Ние не бараме санкции; бараме поглед на вистината и одговорноста. Затоа што состаноците со лидери кои не признаваат одговорност кон сопствениот народ - кога се одржуваат без критички преглед - може да се толкуваат како легитимирање на авторитаризмот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди американските претставници кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии. Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со нивната национална територија, рече Зеленски.

По анексијата на Крим во 2014, во 2022 година Русија ги прогласи и украински региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје за дел од руската територија. Со исклучок на Крим, Русија не контролира целосно ниту една од овие области.