Македонија
16. April 2025 - 19:57

Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата

Меџити, Касами и Ибрахими пресекоа, Таравари сам се исклучи од Коалицијата.

Откако лидерот на Алијанса одлучи сам да ја трча трката на локалните избори, од ВРЕДИ велат разобличени се неговите намери, наместо единство, направи раздор. Едногласно одлучиле ВРЕДИ да има заеднички настап на ликалните избори.

Меџити обвини и дека Таравари подолг период преговара со ДУИ и со олигарси.

По ваквата одлука на тројката од ВРЕДИ, високи партиски извори од Алијанса на Тарацари за Сител велат дека оставаат простор за можен договор за заеднички кандидати за градоначалници во неколку општини. Но немаат дилеми дека, како што кажа Таравари, на листите за советници ќе одат самостојно со свои кандидати.

Партиското раководство синоќа во Тетово донесе конечна одлука дека за нив не се прифатливи понудите на коалиционите партнери. Но, не исклучуваат можност за разговори и со некогашниот сопартиец Зијадин Села.