Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека
Уште 10 полицајци се под истрага за пожарот во дискотеката во Кочани. Полицијата приведе 6мина по еден се уште се трага. Тројца од нив веќе биле во притвор под сомнение за друго кривично дело поврзано со несреќата. Се работи за полициски инспектори, началници икомандири кои од 2012 до 2022 потпишувале одобренија за дискотеката да добие лиценца од министерството за економија.
Сите се осомничени за тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа опасност.
Обвинителството соопшти дека осомничените „не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „ПУЛС“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир. Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови.“
Од МВР велат сите осомничени со различни активности помогнале дискотеката да се стекне со лиценца без да ги исполнува потребните услови.
Од 7мината новоосмничени само еден е актуелен полициски службеник останатите се во пензија. Петмина од уапсените биле началници во штипската, а двајца во кочанската полиција. Според информациите актуелниот началник не се сомничи конкретно за пожарот туку за постапка од пред неколку години. Обвинителството за ГОКК побара мерки за претпазливост.
Обвинителството се уште прибира докази за пожарот во Пусл. Обвинителите се состанале со стручни лица од повеќе области и иако убидот на лице место формално е завршен вештите лица кои вршат испитување и анализи за пиотребите на постапката на лице место преземаат дополнителни дејствија.
Со таа цел, објктот се уште е обезбеден и локацијата детално се прегледува. Дополнително, до овој момент за потребите на постапката се издадени наредби за анализа на податоци од преку 70 мобилни телефони и 30тина десктоп и лаптоп комјутери.
До сега за пожарот во Кочани осомничени се 59 лица и три фирми, меѓу нив 4 поранешни министри за економија, директори на ДЗС, ДПИ, општински инспектори, градоначалници и високи функционери на локалната полиција.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар