Бизнис
16. April 2021 - 12:10

Од следната недела и туристичките работници на протест

Од вторник и туристичките работници излегуваат на протест. Заедно со угостителите ќе останат на улица се додека не бидат прифатени нивните барања за спас на дејноста која е веќе пред тотален колапс. Велат отворени се но поради неизвесноста на ситуацијата и немањето вакцини работа нема, а помошта од петтиот пакет е се уште заглавена во Собранието.

Бараат неповратна помош во вид на грантови, рокот на туристичките ваучери кои граѓаните не ги искористија да биде продолжен до крајот на 2022 година и да се реализираат исклучиво преку туристичките агенции.

Туристичките агенции очекуваат оваа година да биде уште полоша од минатата.

Ирена Чачкова