Од 19 ноември, 55 бродови се пренасочиле кон 'ртот Добра Надеж поради тензии во Црвеното Море
Педесет и пет бродови се пренасочиле кон ‘ртот Добра надеж од 19 ноември, бидејќи одбиле да поминат низ Суецкиот канал поради тензиите во Црвеното Море, соопшти египетска служба одговорна за движењето на бродови низ Суец.
Во истиот период низ Суецкиот канал поминале 2.128 бродови.
Египетската управа на Суецкиот канал соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата во Црвеното Море.
„Внимателно ги следиме последиците од тензиите во Црвеното Море за движењето низ каналот“, се вели во соопштението на Осама Рабија шеф на службата.
Две од водечките светски бродски компании, вклучително и швајцарската MSC, најголемиот оператор со контејнерски бродови во светот, објавија вчра дека го избегнуваат Суецкиот канал поради зголемените напади на јеменските шиитски бунтовници Хути во Црвеното Море.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ