Обука за разбирање на родовата компонента во демократските општества
Центарот за заедница на Општина Струмица денеска и утре ќе организира обука на тема „Разбирање на родовата компонента во демократските општества“.
Како што информираат организаторите, целна група на обуките ќе бидат претставници на урбаните и месните заедници во општина Струмица.
Обуката е дел од проектот „Жените во партиципативното креирање на локалните политики“, што го имплементира Центарот на заедницата на Општина Струмица во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Родова перспектива“ во Струмица, а финансиски е поддржан од
Општина Струмица преку G1 Програмата од буџетот на Општината.
Целта на проектот е да се унапреди родовиот сензибилитет во општина Струмица преку партиципативно вклучување на жените во процесите на локално одлучување.
Ново на Сител
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици