Македонија
7. February 2025 - 12:28

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги поднесе до Собранието најавени интерпелации за петте членови на Судскиот совет кои се избрани од страна на пратениците 

Ниската доверба и корупцијата во правосудните органи според партијата е причина да се разрешат дел од членовите а поддршка побараа и од опозицијата

Од СДСМ вчера рекоа дека не ги прифаќаат интерпелации и дека бараат работна група за реформи.

Иако немаат доверба во судскиот совет и од Левица се сомневаат во намерите на ВМРО ДПМНЕ. Партијата на Апасиев за борба со корупцијата бара измени на Кривичниот законик со кои ќе се предвидат казни за судии.