-->
-->
ОБСЕ бара „План Б“ за бегалците, Балканската рута сеуште актуелна
-->
Една од главните теми на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ што се одржува во Потсдам во близина на Берлин е можноста од нови бранови бегалци поради неспроведување на договорот ЕУ - Турција со кој Брисел се обврза да плати 6 милијарди евра за згрижување на сириските и други бегалци на турска територија, да ја забрза турската евроинтеграција и да воведе визна либерализација за турските граѓани.
Европски дипломати за МИА брифираат дека ЕУ разгледува сценарија во кои поради непочитување на договорот и поради внтрешните политички состојби во Турција голем дел до бегалците да се обидат да заминат во некоја од европските земји по што повторно би се активирала „Балканската рута“.
За министерот за надворешни работи Попоски ваквиот развој на настаните би придонесол Македонија пов торно да биде на удар на интензивен бран бегалци поради што е потребна соработка и координација и со европските партнери и со соседите, јавува дописникот на МИА од Берлин.
„Во повеќето европски држави се разговара за можни планови кои што би се случиле на терен доколку не успее сегашниот договор за контрола на мигрантиските текови. во овој случај Македонија повторно би се нашла на првата линија на бегалската криза и затоа за ова прашање мораме да соработуваме со нашите соседи“, изјави за МИА вицепремиерот Попоски.
На турска територија по почетокот на војната во Сирија се наоѓаат речиси 2,5 милиони Сириски бегалци а голем дел од нив својата иднина ја гледаат во Германија или некоја друга членка на ЕУ.
Официјално и земјите членки на ОБСЕ и Европската Унија сеуште се уверени дека договорот со Турција ќе успее и дека претседателот Ердоган ќе ги спроведе договорените чекори. Неофицијално сите земји кои што директно или индиректно можат да бидат загрозени од нов бегалски бран интензивно се подготуваат за справување со нов бран бегалци.
Заедно со бегалците сместени во Турција кон Европа во случај на отворање на турските граници и намалување на контролата на границите кон Европа би можеле да тргнат неколку милиони луѓе. Британските и руските медиуми шпекулираат со бројки од 4 до 8 милиони мигранти кои што се подготвени да тргнат кон Европа каде најпосакувана дестинација е Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот