Обезглавиле навивач на Партизан и се сликале, прикажани нови злосторства на Веља Невоља | ВОЗНЕМИРУВАЧКО
Убијци и ѓубриња кои никогаш не заслужуваат да бидат ослободени, вака ги коментираше ужасните злосторства на Вељко Беливук и неговиот клан министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин во ТВ емисијата „Хит-Твит“.
Вулин исто така изрази жалење за трагедиите кои ги претрпеле семејствата на грозоморно убиените жртви на Беливук и неговиот клан.
Како и Вулин така и поранешниот оперативец на Државната безбедност Божидар Спасиќ е згрозен од овој настан.
- По налог на претседателот Вучиќ беа тргнати убијците од улицата! Погледнете тие се смеат додека убиваат човек! Ова е вистина, ова се случи во нашата земја. Благодарение на нашата полиција го запревме ова, изјави Спасиќ.
Вулин исто така посочи дека идентитетот на сите жртви е утврден и дека не треба да постои никакво разбирање за Вељко Беливук и неговиот клан.
Ново на Сител
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид