Спорт плус
4. August 2024 - 17:19

Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион

Српскиот тенисерНовак Ѓоковиќ е олимписки шампион. Најдобриот во историјата во својот најважен меч во кариерата, во финалето на ЛОИ во Париз, успеа со 2:0 во сетови да го победи Карлос Алкараз и со тоа да дојде до историски успех.

Епски меч, ова беше фантастично финале. Новак одигра тактички мудро, знаеше што треба, знаеше како треба, секако дека тука беше и неговото искуство.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби во тај-брекот по голема битка, а исто така и во вториот сет се водеше тешка, епска битка во која сепак на крајот славеше Новак исто во тај-брејкот, за конечни 2:0.