Предлог Буџетот на владина седница – не се предвидени пари за зголемување на функционерските плати
Повеќе пари за капитални инвестиции, помал буџетски дефицит. Следната година владата планира да потроши 813 милиони евра за инфраструктурни проекти или 80 милиони евра повеќе од овогодинешниот буџет. Изградба на автопатски делници ,железнички коридори, локални патишта, водоводи, канализации, гасификација и енергетика се дел од инвестициите кои треба да се реазлизираат. Од државниот буџет ќе се потрошат околу 520 милиони евра, а останатите ќе бидат заеми и донации, вели премиерот Мицкоски. Минусот на буџетската каса ќе биде помал догодина и ќе изнесува околу 683 милиони евра.
- Капиталните инвестиции се некаде на ниво од 50-ина милијарди денари, од коишто 32 милијарди се од основниот буџет и некои 18-ина од заеми и програми коишто се веќе тековни или допрва ќе бидат земени. Буџетскиот дефицит мислам дека е околу 41-42 милијарди денари. Оваа година е добро тоа што немаме драматично зголемување на дефицитот, постепено капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит се изедначуваат. Тие се сега негде на ниво 300 со 400 милиони евра, очекувам до крајот на годината да бидат многу блиску, иако знаете наследивме трипати поголем буџетски дефицит споредено со капитални инвестиции, но за овие неколку месеци
Во предлог буџетот предвидени се пари за зголемување на платите во образованието и здравството, но не и за раст на функционерските плати . Премиерот вети – следната година избраните и именувани функционери нема да добијат покачување. Се бара начин како да се смени законот и најверојатно тоа ќе биде преку корекција на коефициентите.
- Не знам како е, треба да видат одговорните лица. Едно е сигурно, покрај онаа работа дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, е дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите – рече Мицкоски.
Согласно годишниот раст на просечната плата, која е основица за пресметка, од јануари следната година функционерите треба да добијат покачување од 130 евра за најниското до 330 евра за највисокото ниво – односно за премиерот, претседателот и собранискиот спикер.
Инаку очекувањата за следната година се еконосмки раст од 3,7отсто, инфлација 3% , дефицит 4 и јавен долг од 64 % од БДП.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар