Претреси во Кичево, пронајдена дрога
Полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево, вчера во 15.30 и 16.15 часот во Кичево ги лишиле од слобода Ј.Х.К.(58) од Швајцарија, со привремен престој во Кичево, и М.Р.(44) од Република Австрија, исто така, со привремен престој во Кичево.
-При претрес во домот во кој времено престојува Ј.Х.К., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пакувања со марихуана, саксии со растението канабис, семки од растението канабис, вага со остатоци од марихуана и други предмети. Додека при претрес во домот во кој времено престојува М.Р., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, дробилка со остатоци од марихуана, шише исполнето со непозната течност, капсули и други предмети со остатоци од бела материја, соопшти денеска МВР.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години