СОНК бара зголемување на платите веднаш, во спротивно излегуваат на улица
Зголемување на платите на образовниот кадар веднаш, бараат од СОНК. Во спротивно излегуваат на улица. Од Образование велат – платите ќе растат – но не сега, туку под март. Првиот човек на Синдикатот, Неделков, бара премиерот и ресорната министерка да најдат начин и од следната недела да пренаменат дел од парите во буџетот, за покачувања на платите во овој сектор. Ако не се зголемат платите – ќе го радиклаизираат незадоволството
- Ние секогаш сме за прегови на маса, но трпението кај дел од синдикалните организации е при крај. Ако не се зголемат платите, не с еисклучува можноста да го радикализираме незадоволството, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК
Министерката за образование го повтори ставот – платите во овој сектот ќе растат. Наставниците ќе бидат задоволни. Сега со септермврсиката плата ќе има минимално покачување, а веќе од март порастот ќе биде солиден
- Јас сум за пораст на платите, наставниците мора да бидат задоволни и ќе бидат, но кога ќе се создадат услови за тоа. Јас мислам дека од следната година сигиурно ќе има пари з апокачување на платите, изјави Весна Јаневска, министер з аобразование
Вработените во основните и средни училишта очекуваа згоелмување на септемврсиките плати за 12%. Но, со доаќањето на новата власт се оболеддени дека недосатсуваат пари за тековните исплати на плати и законски обврски. Затоа побараа трпение од СОНК и најавија скок на платите , но кога ќе обезбедат пари со новиот буџет за следната година
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар