-->
-->
„Купил“ автомобил преку интернет, тетовец измамен за 5185 евра
-->
На 19.07.2024 во 13.45 во СВР Тетово, 57-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 5185 евра, соопшти МВР.
Според пријавеното, преку социјални мрежи тој комуницирал со лицето кое му се претставило како управител на странска фирма за да купи возило. Како што е пријавено, тие се договориле и тој во неколку наврати извршил уплата преку трансакциска сметка, по што комуницирал со фирмата од каде дознал дека нема уплата за возило на негово име и сфатил дека бил измамен.
Се преземат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала