Македонија
15. September 2024 - 14:52

Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица

ТППЕ Струмица денеска имала две интервенции на терен.

Имено, во 05:20 часот утрово, на на ул.Ѓуро Ѓаковиќ, е пријавен пожар на помошна просторија од куќа.

 Како што велат, спречено е ширење на пожарот на куќата и поголема материјална штета.

Покрај оваа, тие имале и уште една интервенција во атарот на с.Вељуса каде била запалена нискостеблеста шума и сува трева.

„Сите пожари се навремено и успешно локализирани и ликвидирани. И покрај падот на температурата за околу 15 степени и дождовите што заврнаа, бројот на интервенции на отворен простор воопшто не се намали. За жал се уште сме сведоци на неодговорно и несовесно однесување на група граѓани”, велат од ТППЕ Струмица.