Македонија
5. August 2022 - 16:45

Комисијата за заразни бара да се почитуваат препораките, нема потреба од рестриктивни мерки

Нема воведување на нови рестриктивни мерки, одлучи Комисијата за заразни болести откако денеска заседаваше и ја разгледа епидемиолошката состојба во земјава. Оваа недела има благ пораст на новозаразени со коронавирусот односно 8,5%, но сепак е значително помал во споредба со претходната недела кога изнесуваше 55,7%, па засега рестрикции не се потребни.

Препораките од Комисијата остануваат исти, граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита кои се на сила, односно задолжително да се носат маски во аптеки, здравствени установи, јавен превоз и во домови за стари лица.

Во моментов во земјава има над 4.000 активни случаи на ковид, па од Комисијата апелираат до сите оние кои имаат симптоми или се сомневаат дека се ковид позитивни да избегнуваат близок контакт со други лица и да престојуваат во затворени простории без маски.