Македонка за да ја спаси сестра си од леукемија донираше матични клетки кои ќе патуваат до Австралија
Денес беше комплетирана третата процедура за испраќање на хематопоетски матични клетки од македонски дарител. Клетките патуваат за Австралија и се наменети за лекување на пациент со акутна миелоидна леукемија, информираат од Македонскиот Дарителски Регистер за Коскена Срцевина (MBMDR), при Институтот за Имунобиологија и Хумана Генетика, Медицински Факултет – Скопје,
- Пред 3 месеци од Австралискиот Дарителски Регистер за Коскена Срцевина (ABMDR) прстигна барање за проверка на компатибилноста за дарување на матични клетки меѓу нивната пациентка и членови на нејзиното семејство кое живее во нашата земја. Македонскиот Дарителски Регистер за Коскена Срцевина и Универзитетската Клиника за Хематологија, во соработка со Институтот за Трансфузиона Медицина ја завршија процедурата за проверување на компатибилноста на потенцијалните донори, избор на соодветен донор, припрема на донорот за дарување, харвестрација (колекција), криопрезервација (смрзнување) и транспорт на хематопоетските матични клетки.
Поради Ковид-19 пандемијата, процедурата за испраќање на хематопоетски матични клетки беше дополнително усложнета бидејќи истите мораа да бидат криопрезервирани и транспортирани со течен азот и константен мониторинг. Транспортот на криопрезервирани матични клетки во течен азот не е рутинска процедура и за прв пат беше успешно спроведена во нашата земја, велат од Македонскиот Дарителски регистар за Коскена срцевина.
Од таму додаваат дека дарувањето на матичните клетки поминало во најдобар ред, без никакви нелагодности за донорот.
Од Македонскиот Дарителски регистар за Коскена срцевина информираат дека организирањето на ваква процедура е овозможено со членството на MBMDR во Светскиот регистар на доброволни дарители (WMDA), како и со институционалната соработка меѓу Институтот за имунобиологија и хумана генетика, Универзитетската Клиника за Хематологија и Институтот за Трансфузиона Медицина, како дел од здравствениот систем на државата. Со вмрежувањето на MBMDR во Светскиот регистар исто така е овозможено лекување на нашите пациенти со матични клетки од странски дарители.
-Со огромна посветеност и голем ентузијазам докажавме дека и во услови на пандемија можеме да одговориме на секоја задача за исполнување на нашата цел, спасување на човечки живот.
БИДИ ХЕРОЈ, СПАСИ ЖИВОТ! Стои во нивната објава на официјалната страна на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром