Угостителите ги одјавија работниците, новите рестриктивни мерки носат дополнителна неизвесност
Најголем дел од угостителите денеска ги одјавија работниците. Велат во овој момент се е неизвесно, не знаат дали забраната за работа ќе важи само две недели или повеќе. Немаат финансиска сила да исплаќаат плата во услови кога не работат, а ни владината помош од петтиот пакет за февруари се уште не им е исплатена.
Угостителите велат дека тие се најголемите губитници за време на оваа една година. Поддршка добиваат со прекини. И веќе не бараат таков тип на помош. Бараат Владата да им овозможи исти услови како во другите земји кои исто така го затворија овој сектор.
Од вечерва во 20 часот кога ќе настапи полицискиот час ќе престанат со работа и угостителските објекти и тоа во период од две недели. Тие ќе можат да работат на пултови и да служат храна за носење, но денеска остана не јасно дали оваа услуга ќе може да ја обезбедуваат и во време на полицискиот час.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар