Македонија
8. May 2018 - 16:20

Жител на Карпош стравува дека инвеститор на зграда ќе му ја урне куќата

На ова место се гради нова зграда во Карпош. Томислав е човекот кој е најпогоден од изградбата. Неговата семејна куќа е веднаш до градежната парцела и е во опасност.

Спроти новиот објект се наоѓа ОУ Владо Тасевски .

Од општината велат инвеститорот има градежна дозвола и пред да започне изградбата нотарски се обврзал да надомести доколку создаде било каква штета на околните објекти.

Според направениот увид од општинскиот инспекторат е утврдено дека нема спорен момент и прекршување на процедурата на градење и велат доколку во иднина се појават соодветно ќе реагираат.