-->
-->
Тешко повреден пешак во сообраќајка во Куманово
-->
Четириест и осум годишен пешак С.А. од Куманово е тешко повреден вчеравечер откако во него удрил автомобил додека се движел на локалниот пат во село Режановце кон патот Куманово - Липково.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека автомобилот го управувал Т.Р. (22) од Куманово, кој веднаш по незгодата го пренел С.А. во кумановската болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Поради сериозноста на повредите, С.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”