Македонија
11. February 2018 - 12:40

Тешко повреден пешак во сообраќајка во Куманово

Четириест и осум годишен пешак С.А. од Куманово е тешко повреден вчеравечер откако во него удрил автомобил додека се движел на локалниот пат во село Режановце кон патот Куманово - Липково.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека автомобилот го управувал Т.Р. (22) од Куманово, кој веднаш по незгодата  го пренел С.А. во кумановската болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите, С.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.