Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции

Во наредниот период најверојатно ќе има нов пристап за снабдување со електрична енергија за државните или општинските институции кои се непрофитни како училишта, градинки, болници и останати институции, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
Ваквите институции, како што кажа на денешната прес-конференција, ќе треба да се соберат заедно и да се распише заедничка јавна набавка за електрична енергија. Ако тоа се применува уште од сега, посочи, се знае дека овие институции ќе имаат намалени трошоци за електрична енергија.
-Потребите на заедничката јавна набавка ќе треба се види дали ќе може да ги обезбеди ЕСМ или, пак, на јавната набавка ќе треба да учествуваат и останатите снабдувачи со електрична енергија кои под тие услови би имале набавка на поголеми количини на електрична енергија за кои сметам дека ќе се обезбеди далеку пониска маржа, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање.
Тој нагласи дека ЕСМ на слободниот пазар на електрична енергија треба да продава по цена која ќе му обезбеди да ги покрива своите трошоци.
-Во моментов ЕСМ на Универзалниот снабдувач му нуди цена од 62 евра за мегават час електрична енергија што не е поволно поради што прави загуби. Затоа треба да се види што и колку може ЕСМ да обезбеди за непрофитните државни институции, а доколку не може да ги задоволи нивните потреби тогаш да се распише класичен тендер на кој снабдувачите ќе може да понудат своја маржа, која верувам дека ќе биде далеку пониска отколку што е сега кога има голем број на расцепкани набавки и секое училиште и болница си распишува своја јавна набавка при што има маржи кои достигнуваат до 25 и 30 проценти. Покрај тоа, имаше и голем број на тендери каде не се јавуваа снабдувачите бидејќи овие потрошувачи ги сметаат за проблематични во однос на плаќањето и со тоа им ја нарушуваат ликвидноста. Заради тоа голем дел од ваквите потрошувачи одеа на Снабдувачот во краен случај што дополнително ги зголемуваше нивните трошоци за електрична енергија, појасни Бислимоски.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
