Нимиц на средби во Атина - потоа доаѓа во Македонија
Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, денеска во Атина ќе има средби со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со Јоргос Кумуцакос од Нова демократија.
Состаноците и разговорите во Грција, Метју Нимиц, ќе ги започне во 10.30 часот по локално време, со средба со Кумуцакос, во хотел во центарот на Атина. Според грчките медиуми, средбата со одговорниот за надворешна политика е по барање на медијаторот.
Три часа подоцна, во 13.30, јавува дописникот на МИА од Атина, специјалниот претставник на ОН ќе се сртене со министерот за надворешни работи на Грција, а веднаш по состанокот, според официјалното соопштение од грчкото МНР, Никос Коѕијас и Метју Нимиц, разговорите ќе ги продолжат на работен ручек.
По Атина, Нимиц доаѓа утре во Македонија.
Ново на Сител
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје