Loading Video...
Свет
14. March 2025 - 12:24

Преглед на вестите од светот

Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да прифати примирје, но прво сака да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. Русија се согласува со предлозите на Соединетите Американски

Држави за прекин на огнот во Украина, но нагласи дека треба да се отстранат основните причини за конфликтот и да се разјаснат многу детали.

Изјавата на Путин ветува, но не е целосна. Се надевам дека Русија ќе ја направи вистинската работа, рече Трамп. Зеленски пак не верува дека ќе дојде до примирје. Тој смета дека Путин планира да го одбие трамп но се плаши да му каже. 

Руте му оддаде признание на Трамп за зголемените воени трошоци во Нато

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во зголемувањето на воените трошоци на членките на Алијансата, за време на нивната средба во Белата куќа.

Генералниот секретар го истакна и планот на Европската комисија вреден 800 милијарди евра за вооружување, како и неодамна преземените обврски на Велика Британија и Германија за зголемување на воените трошоци.Руте го изјави ова откако Трамп минатата недела ја критикуваше НАТО за недоволно издвојување средства за одбрана. Тој дури и го доведе во прашање американскиот ангажман за колективна одбрана, темелот на Северноатлантскиот договор.

Руските сили ја презедоа контролата врз Суџа

Руските сили повторно ја презедоа контролата врз Суџа, главен град во западниот руски регион Курск, соопшти Министерството за одбрана во четвртокот. Повторното заземање на Суџа е значајна добивка за Русија, бидејќи имаат повторно контрола на сега неактивна мерна станица за рускиот гас за Европа. 

При борбите украинската војска изгубила стотици луѓе и разни видови оружје и опрема во борбите во Курск во изминатиот ден. Операцијата на руската војска против украинската армија во Курск влезе во завршна фаза, изјави Дмитриј Песков, за ТАСС. Инаку Путин во средата ги посети командните пунктови во Курск.  Украина сега има помалку од 200 квадратни километри во Курската област, помалку од 1.300 квадратни километри при упадот минатото лето, според руската војска.

Украинците се скептични откако дознаа за изјавата на Путин дека Русија во принцип го поддржува предлогот на САД за прекин на огнот во Украина. Специјален пратеник на Трамп, Стив Виткоф е во сериозни разговори со Русија за ставање крај на војната во Украина.