Македонија
13. јуни 2022 - 11:43

Николов: Две години корона, две години хаос, пациентите пак се заглавени во здравствениот безизлез

И по две години целосно конфузнст во здравството, најмногу жртви и несоодветно справување во периодот на пандемијата со корона, Владата предводена од СДСМ и ДУИ не се грижи за подобрување на состојбите во здравствениот систем. Единствена грижа е да се прави перцепција дека се е во ред иако сме далеку од ред.

Пациентите деновиве се повторно заглавени во здравствена некоординација која наликува на хаос креиран од оваа хибридна Влада.

Денес во здравствените лавиринти ретко кој наоѓа правец и излез.

Има ли насоки,има ли правец и правила? Има ли патеки на движење на пациентите како да стигнат до вистинската здравствена установа? Деновиве во Клинички центар „Мајка Тереза“, затворени се двата ургентни центри и хируршкиот и интернистичкиот, а за пациентите нема одговор и нема јасни патеки на движење. Наместо јасни насоки за граѓаните каде да се обратат за здравствена услуга, секој мора да лута и на крајот решението најчесто да се обиде да го бара во приватнотот здравство, ако има пари.

За жал, здравствените власти тоа не ги интересира, тие се занимаваат со кречење и местење на тендери. Местата каде треба да се обратат пациентите се затворени.

На Клиниката за токсикологија се кречи првиот, а затворено е приземјето и тоа е добро образложение зошто не треба да се примаат пациенти.

Од неодамнешното со фанфари најавувано реновирање на Инфективна клиника, излезе дека само се кречеле собите и  се инсталирале нови противпожарни апарати.

Наместо ветуваниот нов Клинички центар, сведоци сме само на еден вид импровизирани објекти кои повеќе наликуваат на пиљарници, кои што ниту новиот министер не смее да помисли да ги елиминира од паркот на кампусот „Мајка Тереза“.

Низ кампусот клиники „Мајка Тереза“ никнуваат трафики, а за истите никој нема ингеренции во рамките на кампус, а овие клиники даваат услуги на граѓаните речиси од цела Македонија.

Граѓаните ова веќе не можат да го издржат. Премногу е! Премногу е!

Некомпетентност, непрофесионализам и корупција!

Премногу е!

Ве повикувам на 18 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија да ставиме крај на оваа неспособност.

Изјава на Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ