Балкан
30. November 2017 - 21:49

Невремето ја однесе првата жртва во Албанија

Невремето, проследено со силен ветар и обилен и интензивен дожд, што ја зафати Албанија, ја однесе првата жртва.

Станува збор за 50-годишен електричар од градот Фиер, кој настрадал од електрчен удар во моментот кога отсранувал дефект во селото Крујан. Колегите веднаш го однеле в болница, каде им подлегнал на повредите.

Поројните дождови поплавија големи земјоделски површни и патишта. Од големото ниво на вода блокиран е автопатот Трана-Драч, поради што сообраќајот е пренасочен.

 	албанија

Проблем во одввањето на сообраќајот има и на патот кој води кон меѓународниот аеродром во Тирана, како и на други патни правц.

Видно е зголемено нивото на реките, а поплавени се и повеќе деловни објекти и домови. 

Поради ваквата состојба албанскиот Кризен штаб е во постојано заседавање, а армијата е подготвена да интервенира доколку има потреба за тоа.

Минстерството за образование на Албанија соопшти дека утре нема работат сите училишта и градинки.