Неколку илјади луѓе излегоа на улиците во Лондон за поддршка на Брегзит
Неколку илјади луѓе, предводени од ултра десничарскиот активист Томи Робинсон, излегоа на улиците на Лондон за да го поддржат Брегзит.
Робинсон, кој е основач на исламофобската организација Англиски лица за одбрана, доби поддршка за време на протестот од приврзаниците на Партијата за независност на Обединетото Кралство. Околу 15.000 контра-протестанти на Лабуристичката партија излегоа на улиците на Лондон. Полицијата се грижеше да не се судрат двете групи.
Робинсон, кој е поранешен лидер на Лигата, од април е советник на Партијата за независност на Обединетото Кралство. Претходно оваа недела, поранешниот лидер на партијата, Најџел Фараж, соопшти дека ја напушта, истакнувајќи како аргумент дека се повеќе се отвора кон екстремистички и расистички сили. Тој рече дека партијата е „опседната” со исламот и со Робинсон, кој во минатото бил осуден за напади, прекршувања на јавниот ред и прекршување на законот за наркотични средства.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници