Кошарка
27. January 2017 - 11:04

НБА: 45 поени за Вестбрук, победа за Оклахома

Расел Вестбрук ја обележа синоќешната скромна понуда со натпревари во НБА лигата. Покрај Оклахома, победи забележаа уште и Индијана, Јута и Денвер.
Бекот на Оклахома, Расел Вестбрук, не постигна трипл дабл, но со доминантна партија го предводеше тимот до победа над Далас 109:98.
Рас натпреварот го заврши со 45 поени (16/29), осум скокови и три асистенции, а солиден учинок имаа и Виктор Оладипо со 17 односно Стивен Адамс со 15 поени. На спротивната страна најефикасен беше Херисон Барнс со 31 поен.