НАТО едногласно им изрази поддршка на САД, Британија и Франција за нападот врз Сирија
Претставниците на САД, Франција и Британија во НАТО денеска ги информираа останати сојузнички за ракетниот напад врз Сирија, при што, како што соопшти НАТО, го претставиле значителното количество информаци кои укажуваат дека хемискиот напад во сирискиот град Дума на 7 април бил извршен од страна на сириската армијa.
- Трите земји - сојузнички потенцираа дека не постоеше друга практична алтернатива освен употребата на сила. Сојузниците ја изразија нивната целосна поддршка на оваа акција, чија цел е да се намали капацитетот на сирискиот режим да употребува хемиско оружје, како и да се спречат идни хемиски напади врз сирискиот народ. Не смее да се нормализира неказнетата употреба на хемиски оружја, пишува во соопштението на НАТО, во кое се нагласува дека поддршката за ракетниот напад била едногласна.
Според НАТО, дипломатските обиди да се спречат хемиски напади извршени од страна на сириската армија не успеале, а не бил обновен ниту мандатот на меѓународните инспектори кои присуствуваа во Сирија до ноември 2017 година. Членките на НАТО изразуваат поддршка за политичко решение на конфликтот, кое ќе се постигне под покровителство на Обединетите нации, се заклучува во соопштението.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?