Најжешката ракометарка на Вардар падна во рацете на познатиот македонски пејач?!
Атрактивната 25 годишна ракометарка на ЖРК Вардар, Ива Стојковска, важи за една од најубавите и најзгодните спортистки кај нас.
Со нејзината руса коса, сини очи и тело на топ модел, Ива е вистинска заводничка која успешно маневрира на теренот ама и во магепсување на момците со својата појава.
Досега не сме ја виделе со момче, но судејќи според најновата објава на социјалните мрежи, убавата Ива можеби го нашла вистинкиот.
Иако таа ја крие приватноста како змија нозете, пејачот Игор Митровиќ не можеше да ја сокрие силната блискост меѓу нив. Стиснати еден до друг, кај Ива и Игор очигледни се искрите и жарот, а според коментарите кои ги напишаа, најверојатно нема да сопрат со објавување на заеднички фотографии за кои коментираат дека ги има уште многу.
Засега почнаа да откриваат по малку од заедничките блиски дружби, а како ќе се развива приказната и дали овој убав спој ќе биде новата позната двојка, останува да видиме.
Ново на Сител
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата
-
Со писмо до Таравари и Мицкоски 30 доктори од Клиниката за деца “Козле” бараат смена на директорката – таа демантира
-
Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата