Свет
12. October 2020 - 8:50

Најмалку 11 мигранти загинаа откако се преврти брод во близина на Тунис

Најмалку 11 мигранти од Африка загинаа откако бродот со кој патувале се преврти во близина на Тунис.

Помеѓу загинатите има и деца. Мигрантите се обидувале преку Средоземно Море да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза.

Крајбрежната стража на Тунис пронашла тела на осум жени и три деца во близина на градот Сфакс. На бродот се наоѓале околу 30 луѓе, а крајбрежната стража трага по исчезнатите.

Во водите на Тунис минатата година се удавија околу 90 мигранти, откако се преврте бродот со кој од Либија тргнаа кон Европа.