-->
-->
Награда „Прозни мајстори“ за писателот Зоран Пејковски
-->
Наградата „Прозни мајстори“ која ја доделува издавачката куќа „Феникс“ ќе ја добие битолскиот писател Зоран Пејковски за романот „Градот на Јужното Море“ во издание на „Дијалог“ од Скопје.
Зоран Пејковски е драмски писател, драматург, поет, преведувач и публицист. Автор е на повеќе книжевни и драмски дела: Атомско време, Тесно небо, Последниот чин на комедијата на смртта, Реликвија на светлината, Филозофија на смртта, Љубов на вересија, Театарот е ритам и стил, За животот, љубовта и смртта, Театарот е фабрика за соништа, Сон, Сега знам, Самуилово распетие...
Зоран Пејковски од 1995 година е член на Друштвото на писателите на Македонија. Главен и одговорен уредник е на регионалниот информативен неделник „Јавност“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ