-->
-->
Над 100 загинати во судири меѓу сириските сили и ИД
-->
Повеќе од 100 лица се убиени во последните два дена во судири во источниот дел на Сирија меѓу безбедносните сили и џихадистичката група Исламска држава (ИД), соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Невладината организација, чие седиште се наоѓа во Велика Британија, денеска соопшти дека најмалку 120 сириски војници и борци на сојузничките милиции загинале кога ИД нападнала едно предградие на Деир ал Зур. Четириесет од нив биле егзекутирани од терористичката група.
ИД загубила 70 свои припадници, од кои 28 извршиле самоубиствени напади.
ИД контролира поголем дел од сириската провинција Деир ал Зур и истоимениот град.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд