На крајот на август ќе се организира голема потрага по Неси
Планирано е тоа да биде најголема потрага од 1972 години, кога Бирото за истражување на Лох Нес во езерото бараше знаци на постоење на џиновското митско животно.
Центарот Лох Нес соопшти дека нивниот тим ќе распореди дронови опремени со камери кои ќе можат од воздух да прават термички слики во водата. Исто рака ќе користат и хидрофон за детектирање на акустични сигнали под вода. Доброволците ќе бидат задолжени да внимаваат на движењето на водата.
Седиштето на Центарот Лох Нес е во стариот хотел Друмнадрохит каде во 1933 година менаџерката Алди Мекеј пријавила дека видел „водено чудовиште“ во најголемото и едно од најдлабоките езера во Велика Британија. Таа приказна предизвика светска фасцинација од чудовиштето и потрагата по него, и беше инспирација за измами и стотици извештаи на очевидци. Низ годините беа понудени голем број теории или објаснувања, вклучително и дека животното можеби е некаков преживеан праисториски воден рептил „Плесиосаурус“, џиновска јагула или дури и циркуски слон кој плива.
Ново на Сител
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот